Nokia 7510 Supernova - Преземање апликација

background image

Преземање апликација

Вашиот телефон поддржува J2ME Java апликации. Уверете се дека апликацијата е

компатибилна со вашиот телефон пред да ја преземете.

Важно: Инсталирајте и користете апликации и друг софтвер само од

доверливи извори, како што се апликациите што се потпишани од Symbian Signed

или го поминале Java Verified™ тестирањето.
Можете да преземате нови апликации и игри на различни начини.
● Изберете Мени > Апликации > Опции > Даунлоади > Даун. на

апликација или Даунлоади на игри; листата на достапни ознаки е прикажана.

● Користете го Nokia Application Installer од PC Suite за да преземате апликации во

вашиот телефон.

За достапноста на различни услуги и за цените, обратете се кај вашиот добавувач

на услуги.

16. Веб

Можете да пристапите до разни интернет услуги со Вашиот пребарувач на

телефонот. Покажувањето на интернет страниците може да варира во зависност

од големината на екранот. Можеби нема да можете да ги видитге сите детали на

интернет страниците.

Важно: Користете само услуги на кои им верувате и кои нудат адекватна

сигурност и заштита од штетен софтвер.
За достапноста на овие услуги, наплатата, и инструкции, контактирајте со Вашиот

обезбедувач на услуги.