Дневник на повици
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
31
9. Поврзаност
Вашиот телефон обезбедува неколку одлики за да го поврзете со други уреди за
да емитува и прима податоци.
Bluetooth безжична технологија
Bluetooth технологијата Ви овозможува да го поврзете Вашиот телефон,
користејќи радио бранови, со некој компатибилен Bluetooth уред во рамките на 10
метри (32 стапки).
Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата 2.1 + EDR што ги поддржува
следниве профили: SIM пристап, префрлање објекти, пренос на датотеки, dial-up
networking, слушалки, handsfree, генерички пристап, сериски порт, генеричка
размена на објекти, напредна дистрибуција на аудио, аудио видео далечинска
контрола, и генеричка аудио/видео дистрибуција . За да осигурате
интеропратибилност помеѓу другите уреди што поддржуваат Bluetooth
технологија, користете додатоци за овој модел што се одобрени од Nokia.
Проверете со производителите на другите уреди за да ја утврдите нивната
компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth технологија ја зголемуваат побарувачката
на енергија од батеријата и го намалуваат животниот век на батеријата.
Поставување Bluetooth врска
Одберете Мени > Прилагодувања > Конектив. > Bluetooth и направете ги
следниве чекори:
1. Одберете Име на мојот телеф. и внесете некое име за Вашиот телефон.
2. За да ја активирате Bluetooth конективноста, одберете Bluetooth > Вклучи.
покажува дека Bluetooth конективноста е активна.
3. За да го поврзете Вашиот телефон со некој аудио додаток, одберете Повр. се
со аудио до. и уредот со кој што сакате да се поврзете.
4. За да го спарите Вашиот телефон со кој било Bluetooth уред во опсег, одберете
Спарени уреди > Додај нов уред.
Скролувајте до некој пронајден уред, и одберете Додај.
Внесете некој код за пристап (до 16 знаци) на Вашиот телефон и дозволете ја
конекцијата на другиот Bluetooth уред.
Ако сте загрижени за безбедноста, исклучете ја Bluetooth функцијата, или
наместете Видл. на мојот тел. на Скриени. Прифаќајте Bluetooth комуникација
само од оние на кои им верувате.
PC врска со интернет
Користете Bluetooth технологија за да го поврзете Вашиот компатибилен компјутер
со интернет без PC Suite софтверот. Вашиот телефон мора да има активирано некој