Опкружување при работа
Овој уред ги исполнува упатствата за RF изложеност кога се користи или во
нормална позиција наспроти увото или во позиција од најмалку 2,2 сантиметри
(7/8 инчи) оддалеченост од телото. Кога се користи футрола за носење, спојувалка
за каиш или држач при функционирањето на телефон што се носи на тело, тие не
треба да содржат метал и треба да го постават производот на погоре наведената
оддалеченост од Вашето тело.
За да пренесува податочни фајлови или пораки, на овој уред му е потребна
квалитетна врска со мрежата. Во некои случаи, преносот на податочни фајлови
или пораки може да биде одложен додека не се воспостави таква врска. Осигурајте
се дека горенаведените инструкции за оддалеченост се почитуваат додека не се
комплетира преносот.