Движење во менијата
Телефонот Ви нуди широк опсег на функции што се групирани во менија.
1. За да пристапите во менито, одберете Мени.
2. Скролувајте низ менито, и одберете некоја опција (на пример,
Прилагодувања).
3. Ако одбраното мени содржи понатаму подменија, одберете едно (на пример,
Повик).
4. Ако одбраното мени понатаму содржи подменија, повторето го чекорот 3.
5. Одберете го прилагодувањето по свој избор.
6. За да се вратите на претходното ниво во менито, одберете Назад.
За да излезете од менито, одберете Излез.
За да го промените изгледот на менито, одберете Опции > Изг. на гла.мени.
Скролувајте десно, и одберете од достапните опции.
За да го преуредите менито, одберете Опции > Организирај. Скролувајте до
објектот од менито што треба да се премести, и одберете Премес.. Скролувајте до
каде сакате да го преместите објектот од менито, и одберете OK. За да ја зачувате
промената, одберете Заврши > Да.