Корисни сугестии
Ако имате барања за вашиот телефон или не сте сигурни како треба да
функционира вашиот телефон, побарајте во упатството за корисникот. Ако ова не
помогне, пробајте го следново:
● Ресетирајте го телефонот: исклучете го телефонот и отстранете ја батеријата.
После неколку секунди, вметнете ја батеријата и вклучете го телефонот.
● Вратете ги фабричките поставки.
Видете "Враќање на фабрички
поставки" стр. 40.
● Ажурирајте го софтверот од вашиот телефон со апликацијата Nokia Software
Updater, ако е достапна.
Видете "Софтверски ажурирања" стр. 10.
● Посетете го веб сајтот на Nokia или контактирајте со Nokia Care.
Видете "Nokia
поддршка" стр. 11.
Ако барањето остане нерешено, контактирајте со вашиот локален Nokia Care
сервис за опции за поправка. Пред праќање на вашиот телефон за поправка,
секогаш правете резервна копија или запис на податоците од вашиот телефон.