Мрежни услуги
За да го користите уредот мора да Ви биде овозможена услуга од безжичен
оператор. Многу од услугите бараат специјални мрежни карактеристики. Овие
карактеристики не се достапни на сите мрежи; други мрежи може да бараат да
направите некои специфични договори со Вашиот обезбедувач на услуги пред да
можете да ги користите мрежните услуги. Користењето на мрежни услуги вклучува
пренос на податоци. Проверете кај Вашиот обезбедувач на услуги за детали за
тарифити во Вашата домашна мрежа и кога сте во роаминг во други мрежи. Вашиот
оператор може да Ви даде инструкции и да Ви објасни како ќе Ви биде наплатено.
Некои мрежи може да имаат ограничувања кои влијаат на начинот на кој можете
да ги користите мрежните услуги. На пример, некои мрежи може да не ги
поддржуваат сите знаци и услуги кои зависат од јазикот.
Вашиот оператор може да има побарано некои својства да не Ви се на располагање
или да не се активирани во Вашиот уред. Доколку е така, тие нема да се појавуваат
на менито на Вашиот уред. Вашиот уред исто така може да има специјални
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
8
конфигурации како што се промените во имињата на менијата, редот на менијата,
и иконите. Контактирајте го Вашиот оператор за повеќе информации.