
Даунлоадирање мапи
Вашиот телефон може да содржи претходно инсталирани мапи на мемориската
картичка. Можете да даунлоадирате некој нов сет на мапи преку интернет
користејќи го Nokia Map Loader PC софтверот.
Nokia Map Loader
За да го даунлоадирате Nokia Map Loader на Вашиот компјутер и за понатамошни
инструкции, видете www.maps.nokia.com.
Организатор
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
48

Пред да даунлоадирате нови мапи за прв пат, осигурете се дека имате вметнато
мемориска картичка во телефонот.
Одберете Мени > Организатор > Мапи за да направите некоја почетна
конфигурација.
За да го промените сетот на мапи на Вашата мемориска картичка, користете го
Nokia Map Loader за да ги избришете сите мапи на мемориската картичка и да
даунлоадирате некој нов сет, за да се осигурате дека сите мапи се од истото
издание.
Услуга за мрежни мапи
Можете да го наместите Вашиот телефон автоматски да даунлоадира мапи кои што
ги немате во Вашиот телефон кога Ви се потребни.
Одберете Мени > Организатор > Мапи > Прилагодувања > Мрежни
прилагоду. > Дозв. мреж. употре. > Да или Во дом. мрежа.
За да го спречите автоматското даунлоадирање на мапи, одберете Не.
Даунлоадирањето мапи може да вклучи пренос на огромни количини на податоци
преку мрежата на Вашиот обезбедувач на услуги. Контактирајте го Вашиот
обезбедувач на услуги во врска со наплаќањето за преносот на податоци.