Одговарање и завршување на некој повик
За да одговорите на некој дојдовен повик, отворете го преклопот и притиснете го
копчето за повикување. За да го завршите повикот, притиснете го копчето за
завршување, или затворете го преклопот.
За да одбиете некој дојдовен повик, притиснете го копчето за завршување. За да
го исклучите звукот на тонот на ѕвонење, одберете Иск. зв..
За да одговорите не некој повик само со отворање на преклопот, одберете Мени >
Прилагодувања > Повик > Одг. ако покл. е отв. > Вклучи.