Безбедност
Кога се користат функциите за заштита што ги ограничуваат повиците (како што
се забрана за повик, затворена корисничка група, и фиксно бирање), можни се и
повиците до официјалниот итен број програмиран во Вашиот уред.
Одберете Мени > Прилагодувања > Безбедност и од следниве опции:
Поставки
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
39
● Барање на PIN код или Барање за UPIN код — да го бара Вашиот PIN или UPIN
код секогаш кога телефонот ќе се вклучи. Некои SIM картички не дозволуваат
барањето на кодот да биде исклучено.
● Усл. за заб. на повик — за да ги ограничите дојдовните повици и појдовните
повици од Вашиот телефон (мрежна услуга). Се бара лозинка за забрана.
● Фиксно бирање — за да ги ограничите Вашите појдовни повици до одбраните
телефонски броеви доколку е поддржано од Вашата SIM картичка. Кога е
вклучено фиксното бирање, GPRS конекциите не се можни освен додека
испраќате текстуални пораки преку некоја GPRS конекција. Во овој случај,
телефонскиот број на примачот и бројот на центарот за пораки мора да бидат
вклучени во листата на фиксно бирање.
● Затвор. корис. група — за да одредите група на луѓе на кои можете да им се
јавите и кои можат да ви се јавуваат Вам (мрежна услуга)
● Ниво на безбедност — да го бара безбедносниот код кога некоја нова SIM
картичка е вметната во телефонот, одберете Телефон. Да го бара
безбедносниот код кога е одбрана меморијата на SIM картичката, и сакате да ја
промените меморијата што се користи, одберете Меморија.
● Пристапни кодови — за да го промените безбедносниот код, PIN кодот, UPIN
кодот, PIN2 кодот, или лозинката за забрана
● Барање на PIN2 код — за да одберете дали PIN2 кодот да се бара кога
користите некоја одредена функција на телефонот која што е заштитена со PIN2
кодот. Некои SIM картички не дозволуваат барањето на кодот да биде
исклучено.
● Код што се користи — за да го одберете типот на PIN код
● Серт. за авторитет или Серт. на корисници — за да ја видите листата на
сертификати за авторитет или на корисникот даунлоадирани во Вашиот
телефон.
Видете "Безбедност на прелистувачот" стр. 54.
● Прил. на мод. за без. — за да видите Детали за безб. мод., активирате Бара.
за модул PIN, или да го промените модуларниот PIN и PIN-от за потпишување.
Видете "Кодови за пристап" стр. 9.