Враќање на фабрички поставки
За да го вратите телефонот во фабричка состојба, изберете Мени >
Прилагодувања > Врати на фа. пр. и од следново:
● Само враќ. на прил. — Ресетирајте ги сите прилагодени поставки без бришење
лични податоци.
● Поврати ги сите — Ресетирајте ги сите прилагодени поставки и избришете ги
сите лични податоци, како што се контакти, пораки, медиумски датотеки и
клучеви за активирање.
Поставки
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
40
11. Мени на операторот
Пристап до портал за услуги што ги овозможува вашиот мрежен оператор. За
повеќе информации, контактирајте со вашиот мрежен оператор. Операторот може
да го ажурира ова мени со услужна порака.
12. Галерија
Управувајте со сликите, видео клиповите, музичките датотеки, темите, графиката,
тоновите, снимките, и примените датотеки. Овие датотеки се зачувани во
меморијата на телефонот или на некоја мемориска картичка и може да бидат
уредени во папки.
Фолдери и датотеки
За да ја видите листата на фолдери, изберете Мени > Галерија. За да ја видите
листата на датотеки во некој фолдер, изберете фолдер и Отвори. За да ги видите
фолдерите на мемориската картичка кога преместувате датотека, дојдете до
мемориската картичка и притиснете го копчето за движење надесно.
Печатење слики
Вашиот телефон поддржува Nokia XpressPrint за да печатите слики кои се во jpeg
форматот.
1. За да го поврзете вашиот телефон на компатибилен принтер, користете
податочен кабел или пратете ја сликата преку Bluetooth до принтер кој
поддржува Bluetooth технологија.
Видете "Bluetooth безжична
технологија" стр. 32.
2. Изберете ја сликата која сакате да ја печатите и Опции > Печати.
Споделување на слики и видео online
Споделувајте слики и видео клипови во компатибилни онлајн услуги за
споделување на web.
За да користите онлајн споделување, мора да се претплатите на некоја онлајн
услуга за споделување (мрежна услуга).
За да вчитате некоја слика или некој видео клип на некоја онлајн услуга за
споделување, одберете ја датотеката од Галерија, Опции > Испрати > Вчитај
на web, и некоја онлајн услуга за споделување.
За повеќе информации за онлајн споделување и компатибилните обезбедувачи на
услуги, видете ги страниците за поддршка на производот на Nokia или Вашата
локална Nokia web страница.